09:51 - 6 април, 2026

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ и поранешна мис, во есенски стајлинг кој едвај чекаме да го облечеме

Во текот на сите 12 месеци од годината, фустаните имаат свое место меѓу омилените парчиња облека.

По летото во кое најпопуларни беа лелеавите модели, изработени од лесни, воздушести материјали, кралици на есенската гардероба ќе бидат, како и секогаш, плетените фустани.

Плетените фустани се елегантен и пријатен додаток на гардеробата, па затоа не е изненадувачки што немаат конкуренција во есенските месеци.

Нивната разноврсност ни овозможува да ги носиме во разни пригоди, како и во комбинација со разни обувки.

Една од опциите за лежерни изданија со плетени фустани се патиките, а токму Лејла Филиповиќ  со плетениот фустан искобинирала патики во текот на нејзината посета на Гетеборг.

Со своето издание, таа нè потсети на прекрасните есенски изданија на кои наскоро ќе се свртиме.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Filipović (@lejla.filipovic)


Сорпугата на хрватскиот водител и актер Тарик Филиповиќ и поранешна мис, Лејла, носела плетен фустан со средна должина од модната марка YAS со бели патики.

Белиот фустан со црни линиии што ја следи линијата на телото, има V-изрез и долги ракави, чии рабови се украсени со црни набори. Фустанот се закопчува со копчиња по должина на целата предна страна.

Убавата Лејла го комплетирала изданието со црна чанта и очила за сонце. Носела и елегантен златен ѓердан со приврзок.

 

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....