6.8 C
Скопје
02:27 - 31 март, 2026

(Фото) Со настапот на Евровизија пред 19 години ја освои Европа: Еве како изгледа Руслана денес

Руслана, жената која ја освои Европа со својот настап на Евровизија пред 19 години, сè уште е тема на интерес на многу луѓе, особено во време кога, непосредно пред овогодинешното натпреварување, публиката се потсетува на хитовите кои го одбележаа Изборот за песна на Евровизија низ годините.

Песната со која ја однесе победата „Диви танци“ денес има дури 30 милиони прегледи, а Руслана седумнаесет години ја носи титулата на апсолутен победник – од сценски настап до маестрална изведба.

Тогаш, атрактивната пејачка беше триесетгодишна и беше во полна сила, што јасно се виде на сцената преку нејзината неверојатна енергија, а денес Руслана има 47 години, одлична кариера во Украина но и изглед кој не е променет речиси седумнаесет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

– Често ме прашуваат дали некогаш сум се почувствувала како културен амбасадор на Украина? Можеби можеме тоа поинаку да го кажеме, но единственото нешто што навистина го сакав беше Европа да ги почувствува позитивните емоции кои доаѓаат од Украина. Нашите тапани, ритам, костими се нешто што не може да се заборави, па ми се чини дека успеавме – изјави неодамна таа при учествотото на конференција организирана за култура, медиуми и туризам во Украина.

Од 1995 година, таа е среќна во брак со Олександр Ксенофонтов, текстописец и продуцент, со кого води заедничка продукциска куќа, а се занимаваат активно и со изработка на филмска музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Со музика се занимава од четиригодишна возраст, кога почнала да посетува музичко училиште. Дипломирала на музичката академија, отсек пијанист и диригент.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....