09:39 - 6 април, 2026

(Фото) Се жртвувала за децата и се откажала од сонот: Ова е мајката на Маријана и Росана

Мајката на Маријана и Росана, Гордана Сариќ се откажала од својот младешки сон за да им се посвети на децата и на домот.

Гордана е убава и негувана дама и денес, а како помлада, таа била прогласена за Мис во Куманово, за што во една прилика пишуваше фејсбук-страницата „Кумановски муабети“.

– Во двете сали на хотел „Кристал“, Аероклубот од Куманово организирал „Сина вечер“ со допадлива и лесна програма. Најголем интерес кај присутните на приредбата предизвикал изборот на убавица. Жири -омисијата за убавица на 1962 година ја прогласиле Гордана Стојановска, ученичка од трета година при Учителската школа- напиша порталот.

Но, мајката на Маријана Новачевска и на Росана Сариќ Тодоровска како и на Мирослав Сариќ кој е за жал, починат, за да им се посвети на децата се откажала од својот сон и не сакала да се занимава со манекенство, а тоа била желба и на нејзиниот татко.

Гордана, мајката на Маријана и Росана (во средина) била Мис на Куманово во 1962 Фото / Фејсбук, „Кумановски муабети“

– Нашата мајка беше убавица на Куманово таа година. Ја молеле потоа да се пријави за Мис на Македонија, но сфаќањата на нашиот покоен дедо беа во стилот: „Не, никако, што ќе кажат луѓето?“ Знаете, во тоа време беше „баук“ жена да оди на такви избори.

Мајка ми заврши за учителка и набрзо се омажи и нè доби мене и сестра ми, а подоцна и нашиот брат, Мирослав кој за жал ненадејно нѐ напушти и не зави во огромна болка и тага. И така, мајка ми на некој начин се откажа од нејзината професија за доброто за нас, на нејзините деца – рече во една прилика во „Женски магазин“ Росана.

Мајката и таткото на Маријана и Росана Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо
Се вчитува....