6.8 C
Скопје
07:09 - 21 октомври, 2026

(Фото) Сè „пука“ на Луна Ѓогани: Ултракраток шорц и витки нозе во прв план

Инфлуенсерката Луна Ѓогани повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со нови фотографии и видеа што буквално го „запалија“ интернетот.

На својот инстаграм-профил, Луна најпрво сподели фотографија во ултра краток тексас комбинезон, каде шорцот едвај дека постои, а потоа објави и видеоклип на кое ги покажа своите заводливи облини и долги, витки нозе.

Фото: Скриншот

Стајлингот го искомбинирала со високи чизми, што уште повеќе го истакна нејзиниот впечатлив изглед.

Луна со сопругот Марко Миљковиќ ги има ќерките Миа и Лана, кои, како што вели, се центарот на нивниот свет. И покрај повремените брачни несогласувања, најважно им е – децата да бидат добро.

„Лудило е, ама не би се жалела. Сè ни станува полесно, децата растат, одат во градинка, имаме време и за работа, и за нас, и за нив. Сите имаме моменти кога сме на работ на нерви, кога сè нè нервира… ама на крајот на денот легнуваш и само велиш: ‘Боже, фала ти, само да сме здрави’. Секогаш велам: ‘Само Бог да ми ги чува децата’, затоа што сум таа мајка што премногу се грижи однапред. Во глава ми се сто сценарија што сè може да се случи, бидејќи гледам многу лоши работи околу себе. И на крајот секогаш си велам: ‘Ќути, само нека се здрави и сè ќе биде во ред’.“

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....