21.8 C
Скопје
15:29 - 22 октомври, 2026

(Фото) Роналдо за првпат го збрмчи „ѕверот“од 10 милиони евра, фановите се собраа околу фудбалерот: Во светот има само десет вакви „машини“

Кристијано Роналдо пред неколку дена уште еднаш го подобри светскиот рекорд по голови на меѓународни натпревари. На натпреварот со Луксембург на квалификацискиот турнир за ЕП 2024, Португалецот постигна невиден успех. Сега има 122 гола за репрезентацијата.

Пред да се врати во Саудиска Арабија, напаѓачот на Ал-Наср отпатува за Мадрид, каде што за прв пат го возеше својот Бугати Чентодјечи (Bugatti Centodieci).

Кристијано минатата година купи еден од најексклузивните француски луксузни автомобили за 10 милиони евра. Но, тој никогаш не е виден да го вози овој суперавтомобил. Досега.

Навивачите го опколија Роналдо на улиците на шпанската престолнина кога тој седна зад воланот, придружуван од обезбедувањето.

Шик автомобилот на фудбалската ѕвезда има 1600 коњски сили под хаубата и забрзува до 386 километри на час.

Во светот има само десет вакви автомобили. Роналдо го доби седмиот – бројот на задниот дел од дресот. Сепак, сопственикот не успеал да го провози „ѕверот“ досега.

Роналдо внимателно се повлече од толпата насобрана околу него, и речиси и да не направи никаква бучава кога го стартуваше моќното возило, додека луѓето го скандираа неговото.

Инаку, други скапи автомобили веќе се во гаражата на петкратниот освојувач на Златната топка, меѓу кои луксузни Ферари, Мерцедес, Ламборџини…

Cristiano Ronaldo: Later today #CR7xBUGATTI,
Supplied by Instagram.com/face to face

Слични објави

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.
Се вчитува....