Водителот Ненад Ѓорѓиевски сподели романтичен спомен со својата сопруга Горана, со која е 15 години во брак.
Станува збор за слика од 2010 година, од почетоците на нивната љубов.

Ненад е посветен сопруг и татко на Иво и Љупка. Тој е дел од екипата на Македонската радио-телевизија, а претходно долги години сме го гледале на повеќе телевизиски фреквенции.
„Успевам да го вакумирам денот, па од еден да направам три. Со добар распоред, ги завршувам сите обврски. Но приоритет е и семејството, попладнето и викендите се само за нив“, рече во една прилика Ненад за „Слободен печат“.
На 1 септември, Ненад и Горана имаа посебен повод за среќа. Тие прославија 15 години љубов, и по тој повод, водителот објави романтично видео од нивната свадба на Инстаграм и напиша:
„15 години љубов, смеа и спомени! Од првиот ден до денес – сè што поминавме заедно ни е најголем благослов. Уште многу години исполнети со љубов, поддршка и соништа“, објави водителот.
