14:02 - 11 април, 2026

(Фото) „Преживеа по божјо чудо“: Двејн Џонсон за страшната сообраќајка на мајка му

Популарниот американски глумец Двејн „Карпата“ Џонсон на Инстаграм откри дека неговата мајка преживеала тешка сообраќајна несреќа. Несреќата во која таа учествувала се случила во средата вечерта во Лос Анџелес, при што познатиот актер нагласил дека мајка му преживеала по божјо чудо.

Џонсон објави дури и фотографија од смачканот црвен Кадилак Ескалад за да ја изрази својата благодарност до Бога што неговата мајка избегна сериозни повреди.

„Фала ти Боже, таа е добро“, напиша Рок (Карпата) на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

„Ангели на милосрдието ја набљудуваа мајка ми додека доцна синоќа се случи сообраќајната несреќа“.

„Таа ќе преживее и ќе продолжи понатаму. Оваа жена преживеа рак на белите дробови, тежок брак, директен судир со пијан возач и обид за самоубиство. Таа преживеа, на начин кој го прават само ангелите и божјите чуда“, објаснува глумецот.

Џонсон се заблагодари и на полицијата за помошта по несреќата и откри дека таа е единствениот родител што му останал.

„Ви благодарам LAPD и LAFD што бевте толку грижливи и фокусирани“, додаде Џонсон.

„Благодарам што останавте на телефон и што разговаравте со мене додека минував низ сето тоа“.

 

Слични објави

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.
Се вчитува....