7.8 C
Скопје
21:47 - 1 април, 2026

(Фото) Поранешната сопруга на Кевин Костнер ужива на Хаваи со неговиот близок пријател

Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер (49) одмара на Хаваи. Таа била забележана во друштво на Џош Конор, кој е близок пријател на Костнер.

Баумгартнер поминува време со Конор и трите деца што ги дели со Костнер во луксузно одморалиште на „Фор сизн“. Дизајнерката на чанти ја покажа својата фигура во шарени бикини на пруги.

Конор е разведен финансиер и бизнисмен од Калифорнија, кој долго време е пријател со 68-годишниот Кевин и на Кристин. Познато е дека живее во близина на нивната вила во Санта Барбара, Калифорнија од која Костнер едвај ја отсели сопругата по разводот, а таа го уценуваше со огромни суми за алиментација.

принтскрин

Мајката на три деца изгледа расположено и покрај нејзиниот тековен скандал со разводот. Имено, Кристин и Костнер најпосле се договорија преку адвокатите тој да ѝ плаќа речиси 130.000 долари месечно за издршка на децата.

Да потсетиме дека Кристин Баумгартнер поднесе барање за развод по 18 години брак со холивудската ѕвезда наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Упатените изјавија дека Кристин била уморна од постојаното отсуство на Кевин Костнер, кој глумеше во хит серијата „Јелоустоун“. Ветувал дека почесто ќе биде дома, но, на крајот, започнал нов проект.

 

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....