6.8 C
Скопје
07:32 - 31 март, 2026

(Фото) „Понекогаш заборавам дека е во ред да си свој“: Селена Гомез проговори за промените на нејзиното тело и срамењето од вишокот килограми 

Селена Гомез повторно зборува на Инстаграм за промените на нејзиното тело. Во „сторис“ на својот Инстаграм профил објави стара фотографија направена во 2013 година кога имала 21 година и фотографија од минатогодишниот одмор.

„Денес сфатив дека никогаш повеќе нема да изгледам вака“, напиша таа на старата фотографија.

„Не сум совршена, но горда сум на тоа што сум… Понекогаш заборавам дека е во ред да бидам своја“, додаде 31-годишната актерка.

Инстаграм

Гомез често се соочува со критики од корисниците на социјалните мрежи поради нејзината фигура: фановите веруваат дека таа изгледала подобро порано. Самата Гомез призна дека откако се опоравила, на сетот не се вклопила во облеката која претходно ја носела, и поради тоа се посрамотила.

„Ниту една облека со претходниот конфекциски број не ми одговараше и тоа направи да се чувствувам непријатно. Не е премногу реално да се очекува нормалното женско тело да остане исто“.

Фигурата на Селена се промени не само со возраста: пред неколку години, кога имаше 24 години, ѝ беше дијагностициран лупус. Оттогаш, актерката е принудена да ги зема потребните лекови, кои исто така влијаат на нејзината фигура, па затоа се соочува со бројни одговори на уште побројните коментари на „хејтерите“.

Неодамна се појави нова причина за критика кон Селена: овој пат се поврзува со нејзиното момче Бени Бланко. Според зборовите на корисниците, музичкиот продуцент нема добар изглед кај глумицата и не е погоден за Гомез, а Селена е критикувана дека наводно почнала да излегува со него едноставно од осаменост.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....