13.8 C
Скопје
15:10 - 23 март, 2026

(Фото) Оваа приказна за мајката на Ребека ретко кој ја знае

Ребека Јанковска-Ристески сподели посебна и многу емотивна приказна за мајка ѝ Роза, која досега никогаш не ја кажала.

-Горда на мојата мајка. Роза која работеше 40 години во МРТВ. Од најавувач, спикер на вести, до реализатор на дневнук, вести, уредник, автор на безброј наградувани емисии, серијали во училишната програма. Психолог и новинар-напиша Ребека до старите фотографии кои ги сподели од својата мајка во МРТВ.

Фото / Фејсбук

Во една прилика, на нејзиниот фејсбук-профил, Ребека се присети на татко ѝ Благоја кој е починат иу напиша:

-Благодарение на хобито на мојот татко Благоја, кој патем беше одличен новинар и сликар, имаме илјадници фотографии од детството, а црно–белите фотографии татко ми дома ги развиваше, во кујната и тоа за мене беше вистинско доживување. Прозорите покриени со ќебиња, фотографии насекаде распослани.

Најпрво во некоја течност ги ставаше, а потоа ги редеше по масата и на јажиња со штипки. Магија беше тоа. Татко ми го доживував како некој маѓепсник и едвај чекав следно развивање на фотографии.

Патувавме многу насекаде по светот со фиќото, а потоа со нашиот 101 Застава. Замислете ја поминавме цела Европа 2 пати со Застава. Првиот пат тоа беше 1980 година. Благодарна за сите прекрасни, невообичаени патувања- раскажа пејачката.

Ребека со мајка ѝ Хелена, мајката Роза и таткото Благоја Фото / Фејсбук

Слични објави

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Еспресо
Се вчитува....