18:50 - 6 април, 2026

(Фото) Ова се внуците на Росана и Трупче кои се преселија од Македонија

Ивана, ќерката на Росана Сариќ-Тодоровска со сопругот и со децата си замина од Македонија. Таа сега живее во Англија, затоа што нејзиниот сопруг Џејмс е Англичанец.

Оваа далечина од внуците тешко им паѓа на легендарната пејачката Росана и на нејзиниот сопруг Ѓорѓи Тодровски-Трупче, нашиот познат актер.

Росана на фестивалот „Макфест“ настапи со хитот „Признавам“, за првпат без нејзината сестра близначка Маријана Новачевска која долги години живее во Австралија. За „Канал 77“, Росана раскажа дека им е тешко што се разделени од внуците, но се привикнуваат.

– За жал, повеќе не живеат во Македонија, се преселија во Англија и сега веќе се гледаме на камера. Во моментов ни дојдоа нагости, па можеби за Нова година или за Божиќ пак ќе ни дојдат. Па и ние ќе отидеме таму.

Само знам дека е тешко, особено мене, бидејќи некако цел живот само дочекувам и испраќам на аеродром. Тоа навистина е многу тажно, тешко ми е на душата, но не сакам да зборувам бидејќи солзите сами ми течат – рече Росана.

Таа сега објавила фотографија од своите внуци Матео, кој наскоро ќе наполни четири години и Ноах кој има седум години. На фотографијата ѝ коментирала нејзината колешка Блага Петреска која напишала: „Машала, која убавина, радувајте се и уживајте, Роска и Трупче!“

 

 

Слични објави

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо
Се вчитува....