01:45 - 6 април, 2026

(Фото) Нови детали за дечкото на Анета Љумаковска, стљанува збор за нејзин колега

Анета Љумаковска е вљубена во свој колега музичар со кого патува на убави места и ужива во времето поминато со него.

Фолк-пејачката од Битола, „златното грло“ на нашата музичка сцена, објави нова фотографија од неа со саканиот до новогодишна елка за која се гледа дека не е во Македонија, но не откри каде се.

Претходно, тие беа заедно во Рим и се фотографираа до познатиот Колосеум, а покрај фотографијата, емотиконите со срце и начинот на кој се снимени откри дека се во голема љубов.

На новата инстаграм-приказна која Анета ја објавила со новогодишната елка е означен музичарот Рубин Размо, кој е саксофонист и поранешен член на групата „Молика“.

– Што се однесува до тоа дали сум повторно вљубена и дали имам некој во мојот живот, еве сега решив да се изјаснам и јавно да им ставам крај на шпекулациите – да, вљубена сум, но не повторно, туку за првпат во мојот живот – изјави Анета за „Гламур магазин“.

Фото / Инстаграм

На фејсбук-профилот на Рубин може да се види дека тој е дружељубов човек, многу посветен на музиката и дека често објавува фотографии од неговите дружби со пријателите, настапите и патувањата низ светот.

Инаку, Моника, ќерката на Анета прослави роденден, а гордата мајка со емотивни зборови ѝ го честиташе.

„Горда сум на жената во која прерасна – силна, убава и полна со живот“, напиша Анета за ќерката која наполни 23 години.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....