6.8 C
Скопје
06:04 - 31 март, 2026

(Фото) Никол Кидман блесна во црн фустан на премиерата на „Совршен пар“: Изгледа неверојатно!

Австралиската и американска актерка Никол Кидман се појави во елегантен фустан на црвениот тепих на премиерата на филмот на Нетфликс „Совршен пар“ (The Perfect Couple), што се одржа во понеделникот, 2 септември, во BFI Max во Лондон, пренесува Дејли меил.

57-годишната оскаровка и 56-годишниот американски актер Лиев Шрајбер ги толкуваат улогите на маж и жена во детективскиот филм заснован на истоимениот роман на Елин Хилдербранд.

Никол покажа гламурозен изглед во црн сатенски фустан со асиметричен горен дел од марката Баленсијага, кој го комбинираше со шик чевли на високи потпетици. Од модни додатоци, ѕвездата избра златни обетки и масивен прстен со црн камен.

Лив пак, изгледаше елегантно во сив костум, бела кошула и црни кожени чевли.

Никол и Лив се совршената двојка во претстојната минисерија на Нетфликс насловена „Совршен пар“. Во филмот, Никол ја игра познатата писателка Грир Гарисон Винбери, а Лиев Шрајбер го игра нејзиниот сопруг Таг Винбери. Додека се подготвуваат за раскошната венчавка на нивниот син во нивниот прекрасен дом на островот Нантакет, нивните планови се нарушуваат поради сомнителна трагедија – тело на давеник е откриено на плажата.

Во серијата со шест епизоди, чија премиера е на 5 септември, играат актери како Дакота Фенинг, Меган Фахи од White Lotus, Ив Хјусон, Ишан Катер, Били Хаул и Џек Рејнор. Серијата ја напиша Џена Ламија, а режијата е на Сузане Биер.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....