7.8 C
Скопје
11:07 - 20 февруари, 2026

(Фото) Нема шанса да го препознаете Том Круз меѓу „близнаците“-каскадери: Ова се неговите двојници, дури и позгодни од ѕвездата!

Речиси сите холивудски ѕвезди имаат каскадери кои ги изведуваат – наместо нив – најопасните сцени и разни акробации. Вистината е дека овие актери мораат физички да бидат многу слични на ѕвездите, до тој степен што ако ги видите на улица или на фотографија, дури може да се посомневате која е вистинската филмска ѕвезда.

Па не е чудо што фотографијата на Том Круз и неговите двојници, која почна да кружи на Твитер, стана голем хит.

На социјалните мрежи се појави слика на која се гледаат каскадерите на актерот како го слават крајот на снимањето на „Mission: Impossible – Deadly Doom“.

Корисниците останаа без зборови поради сличноста меѓу тројцата каскадери и ѕвездата Круз, па дури почнаа и да шпекулираат дека станува збор за фотомонтажа, ама – за волја на вистината – не е!

Други пак, шпекулираат дека богатиот Круз си направил свои клонови.

Сите коментари се во секој случај или полни со чудење или урнебесни. Фотографиите навистина личат на оние популарни загатки за решавање од типот „најди го натрпаникот“.

„Пијани сте па ви се гледа дупло“, гласи еден од смешните коментари.

Сепак, факт е дека сите овие момци кои неодоливо личат на ѕвездата за да добијат добро платен ангажан во филм со Том Круз (како двојници) мора да се помачат добро – да внимаваат на топ формата, да имаат иста фризура како Круз, да ги белеат редовно забите, па дури и да ја вежбаат истата насмевка.

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....