09:20 - 9 април, 2026

(Фото) На војниците им готви храна: Викторија Апанасенко е новата Мис Универзум 2022

Викторија е професионална манекенка, има 27 години но откако Русија ја нападна Украина, готви и служи храна за деца, постари лица, раселени и војници.

Откако Русија ја нападна Украина, Викторија Апанасенко (27), по потекло од Чернихив, ја одигра својата улога заедно со војниците кои ја бранат земјата. Како волонтерка, таа соработува со ресторанот „Наив“ во Киев за да готви и да им служи храна на децата, постарите, раселените семејства и луѓето на кои им е потребна храна, но таа и подготвува оброци за украинските војници.

Дипломирала социјални услуги на Психолошкиот факултет на Националниот универзитет Тарас Шевченко во Киев, бидејќи, објасни таа, „отсекогаш сум имала желба да помогнам во решавањето на социјалните проблеми во нашата заедница и да ги поддржам ранливите категории на луѓе“.

Но, Викторија Апанасенко е и убавацита – таа ќе ја претставува Украина на изборот за Мис Универзум 2022. Беше второпласирана на изборот за убавина во земјата, но бидејќи првопласираната се откажала, титулата стана нејзина.

Така, Викторија ќе ја претставува Украина на светскиот избор за убавина, Мис Универзум 2022 година.

Слични објави

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо
Се вчитува....