05:16 - 3 април, 2026

(Фото) Моника Белучи во костум излезе во јавност со Тим Бартон: Бакнежи и прегратки

59-годишната италијанска актерка Моника Белучи и 66-годишниот американски режисер Тим Бартон заедно излегоа во јавност, пишува Дејли Мејл.

Ѕвездената двојка се појави на 72. филмски фестивал во Сан Себастијан.

Белучи се држеше за рака со нејзиниот партнер и ја покажа црната долна облека од тантела под стилскиот темнокафен костум.

Поранешната сопруга на Винсент Касел позираше во предимензионирано сако и широки панталони, а својот изглед го надополни со црни очила за сонце.

Режисерот на Beetlejuice пак, се појави во јавност во целосно црн костум и додаде капа и очила.

Двојката првпат се запозна пред 16 години, но почна да се забавува откако Моника и Тим се сретнаа на филмскиот фестивал Лумиер во Лион во октомври 2022 година.

Италијанската актерка и ѕвезда на филмот Малена ја потврди својата врска со Тим во јуни 2023 година кога изјави за Ел Франс: „Што да кажам… Пред се, мило ми е што го запознав овој човек“.

Таа додаде: „Го сакам Тим. И многу го почитувам Тим Бартон“.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....