5.8 C
Скопје
02:26 - 18 февруари, 2026

(Фото) Меган Маркл се „позлати“ во друштво на Хари и мајка си: Никогаш не била послаба и поблескава

Војвотката од Сасекс се појави во Њујорк, придружувана од двајца за неа специјални личности, нејзиниот сопруг принцот Хари и нејзината мајка Дорија Рагланд, на настанот Ms. Foundation 2023 Women of Vision Awards.

Меган Маркл (41) е една од добитниците на наградата Woman of Vision (Жена со визија) за нејзината глобална работа за зајакнување на жените и девојките. На настанот, војвотката од Сасекс ја прими наградата од нејзината пријателка Глорија Стајнем, ко-основач на Фондацијата.

За време на нејзиниот говор, Меган ѝ се заблагодари на Стајнем за „инспирацијата, менторството, мудрите совети, извонредната смисла за хумор и неверојатното пријателство“.

„Кога размислувам за тоа време од мојот живот кога бев млада, оние моменти што ми останаа во сеќавањето, сега можам многу подобро да ги поврзам точките за да разберам како станав млада феминистка и израснав во возрасна активистка“, рече Меган.

За да блесне на настанот, војвотката од Сасекс избра златен тесен фустан и соодветни чевли со потпетици кои одговараат со нијансата на фустанот. Фановите забележаа дека никогаш Меган не била толку витка, но и толку блескава.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....