19:35 - 12 април, 2026

(Фото) „Ме сечеа на 18 места“: Македонската пејачка итно оперирана во Германија

Македонската пејачка, позната по успехот во српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ беше итно оперирана во Минхен, Германија, каде што сега живее.

Станува збор за сексапилната Марија Груевска, сега Марија Стојаноски која е од Битола, а секој настап во „Ѕвездите на Гранд“ ги шокираше жирито и публиката, особено кога се појави со змија.

Фото / Јутјуб принтскрин

Марија поминала низ многу тежок период, откако ѝ била дијагностицирана нефункционална вена, која морала итно да се отстрани. Како што објави „Гранд“, таа била оперирана во Германија, каде што процедурата била успешно извршена.

Марија ја потврди информацијата за „Гранд“ и откри како се чувствува по операцијата.

– Точно е, се оперирав. Ми ги извадија вените, една главна и неколку помали. Главната вена беше нефункционална, не пумпаше крв и не можеше да остане така, па мораа да ја отстранат. Ме сечеа на 18 места, но заврши – изјавила Марија за „Гранд“.

Фото / Фејсбук

Пејачката додава дека престојот во болница ѝ бил олеснет и била пријатно изнененадена зашто поголемиот дел од медицинскиот персонал бил од Србија.

– Целиот тим, освен главниот лекар, беа Срби. Сите ги следат „Ѕвездите на Гранд“, па се смеевме заедно и завршивме со неколку песни по операцијата – истакнала пејачката.

На крајот, таа рекла дека сега се чувствува многу подобро.

– Му благодарам на Бог, подобро сум. Добро е што има лек и начин да се излекува оваа состојба – рекла пејачката.

Во јули во 2022, Марија Груевска се омажи за партнерот Синиша Стојаноски. Како што претходно најави пејачката, свадбата траеше три дена. Уште првиот ден имаше 600 гости, а меѓу нив беа и колегите од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

Марија Стојаноски со сопругот Синиша Фото / Фејсбук

Свадбата беше со сите традиционални обичаи. Го имаше традиционалното бричење на зетот и одењето по невестата. Брзо по свадбата, тие се преселија во Германија.

Слични објави

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....