21:46 - 6 април, 2026

(Фото) Маркијан на Ребека наполни 19 години, блиска личност му прати важна порака

Најстариот син на пејачката Ребека Јанковска-Ристески Маркијан наполни 19 години. Таа и нејзиниот сопруг, д-р Милан Ристески ги имаат и близнаците Макариј и Доротеј, кои се на 12-годишна возраст.

За ретката болест на Маркијантуберна склероза Ребека во повеќе наврати отворено зборувала како и за борбата на сите родители на деца со ретки болести.

– Дека со Маркијан нешто не е во ред забележавме уште во седмиот месец од бременоста, но во прво време не бевме сигурни дека тој има туберна склероза. Видовме тумори на срцето, но не и промена на срцевата работа.

И покрај високите сомнежи, ние одлучивме Маркијан да продолжи да живее и да ги прифатиме сите предизвици и искушенија доколку навистина следат. На тримесечна возраст првпат ги забележавме симптомите – епилептични напади. Од тој момент почнаа сите детални испитувања и патувања, консултации низ многу болници – рече во една прилика во „Женски магазин“ Ребека.

Денес, Маркијан е веќе големо момче, а роденден му честиташе неговата баба, познатата ТВ-спикерка Роза Катиновска која напиша: „Среќен 19 роденден мое љубовче Маркијан. Биди ми жив и здрав, насмеан и среќен.“

Фото / Фејсбук

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо
Се вчитува....