23:58 - 5 април, 2026

(Фото) Лијам Пејн бил на халуциногени дроги: Се чека официјална потврда 

Лијам Пејн веројатно бил под дејство на дрога за која се знае дека предизвикува психотични напади и халуцинации кога несреќно загина, објавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од аргентинската полиција.

Како што веќе објавија медиумите, 31-годишниот Пејн непосредно пред смртта се однесувал чудно. Полицијата во Буенос Аирес сега ја истражува теоријата дека Лијам земал моќна супстанца, која може да предизвика екстремни промени во расположението и да го направи корисникот агресивен.

Полицајците изјавиле за TMZ, како што пренесува Мирор, дека однесувањето на Лијам изгледало како да употребувал халуциногени дроги, но не потврдиле какви супстанци имало во неговата хотелска соба.

Наодите од резултатите од тестовите од пронајдените дроги и лекови допрва треба да бидат сипитувани.

Првичната обдукција извршена во средата вечерта, откри дека Лијам починал од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, што предизвикало „внатрешно и надворешно крварење“.

Транскриптот од повикот на 911, направен од персоналот на хотелот, открива дека менаџерот на хотелот им пријавил на 911 службата: „Имаме гостин кој се дрогира и уништува се во својата соба. Ни треба некој да дојде“.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....