Актерката Лидија Вукичевиќ денес има голема причина за славење, бидејќи нејзиниот син Андреј денес го слави својот 34. роденден. Ова е воедно и неговиот прв голем ден со неговата ќерка Дарја.
Лидија се огласи денес преку Инстаграм кога објави фотографија од наследникот и напиша: „Среќен роденден љубов моја, мама те сака повеќе од сè на светот“
Да потсетиме, Андреј неодамна стана татко, а актерката не можеше да го скрие возбудувањето за раѓањето на наследничка. По овој повод, тие организираа голема семејна прослава.
