6.8 C
Скопје
09:33 - 1 април, 2026

(Фото) Емотивно збогување на Колинда Грабар-Ќитаровиќ со Халид Бешлиќ: Голем човеку…

Целиот регион беше потресен од заминувањето на легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ, кој почина на 7 октомври по борбата со ракот. Многумина изразија сочувство до неговото семејство, роднини и пријатели преку социјалните мрежи.

Во емотивно обраќање, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, исто така, се збогува со Халид со избрани зборови.

„Далеку сум од Хрватска, но не можам и јас да не се збогувам со Халид. Неговото заминување е загуба за сите нас кои пораснавме со неговите песни и неговата добрина. Беше повеќе од музичар – беше симбол на едноставност, толеранција и заедништво.“

„Камо среќа сите во овие наши турбулентни простори да сме барем малку како Халид – нормални, мили, толерантни и инклузивни. Почивај во мир, Халид, голем човеку какви што има премалку“, напишала Колинда Грабар-Китаровиќ, а покрај објавата ставила емотикон во облик на бело срце.

Комеморацијата за Халид Бешлиќ ќе се одржи на 13 октомври во Народниот театар во Сараево, со почеток во 11:00 часот, каде што ќе се соберат неговите најблиски роднини и бројни колеги.

По комеморацијата, погребна церемонија ќе се одржи во џамијата Гази Хусрев Беј во 13:00 часот, а Халид Бешлиќ ќе биде погребан на градските гробишта Баре во 15:00 часот.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....