19:35 - 13 септември, 2026

(Фото) Која е сопругата на Џуд Ло со која го доби неговото седмо дете? Сè за Филипа Коан!

Џуд Ло и неговата сопруга Филипа Коан живеат прилично приватен живот.

Ѕвездата на „Фантастични ѕверови“ и психологот се запознале преку заеднички пријатели и првпат се сретнале во 2015 година.

Четири години подоцна, од ненадеж се венчале во Лондон. Тие го дочекаа нивното прво заедничко дете во 2020 година, а сега со неа тој го доби и второто заедничко дете, седмо дете на глумецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jude Law (@lawjude)

Ло ретко споделува детали за својот личен живот, па со тоа е заштитена и приватноста на психологот Коан, па така не се знае ни за името или полот на детето.

Филипа Коан е родена во Обединетото Кралство, работи како психолог и експерт за “променливо однесување”. Таа дипломирала на Универзитетот во Бирмингем во Англија пред да магистрира на Сити Универзитетот во Лондон.

Во 2015 година, таа докторираше, а исто така, ја освои првата награда на натпреварот во 2014 година што го одржа Британското психолошко здружение, за нејзиното истражување во однос на однесувањето на вработените и одржливоста на животната средина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

Коан е основач на Stride, деловна консултантска куќа која советува како да се „заштеди енергија, јаглерод и пари на организациите преку ангажирање на вработените и променливото однесување“.

Овој пар првпат се поврза во пролетта 2015 година, кога беа забележани заедно на Фестивалот Хеј, годишен настан за литература, наука и култура во Велс. Двајцата се венчаа во градското собрание на Олд Мерилебон во Лондон, на симболичната свадба Коан беше облечена во краток бел фустан, а Ло во морнарско сомотско одело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dean (@deangehrytomas)

Година подоцна, парот го доби своето прво бебе- новинарите открија дека станува збор за ќеркичка.

Тоа беше шестото дете на Ло, придружувајќи им се на неговите деца Раферти, Ајрис, Руди, Софија и Ада од претходните врски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cybex Azerbaijan Official (@cybex.az)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Celebrity Kids ❤ (@_celebritykids_)

Џуд Ло и Филипа Коан често го поминуваат времето следејќи спортски натпревари и може да се забележат како уживаат заедно на многу спортски настани.

Слични објави

(Фото) Семејна авантура во Париз — Атанас Атанасовски со сопругата и децата уживаше во Дизниленд

Еспресо

„Оди на психолог за одвикнување“: Синот на српската актерка играл видеоигри по осум часа дневно

Еспресо

(Фото) Јелена Спенџарска ужива во Бодрум — позира во бикини и порача дека патувањата ѝ носат „нова перспектива“

Еспресо

Тајната романса на Наташа Беквалац разоткриена? Соседите открија детали: „Скокна од столчето како попарена“

Еспресо

(Фото) Живкица е „магнет“ за ѕвезди: По Роби Вилијамс, се фотографираше и со Новак Ѓоковиќ

Еспресо

Хороскоп за 13 септември: Близнаците ги очекуваат нови познанства, Јарците заслужено ќе одморат

Еспресо
Се вчитува....