08:44 - 10 јануари, 2026

(Фото) Кевин Костнер во врска со 19 години помлада пејачка: „Тој е маж каков што таа бара“

Поминаа три месеци откако Кевин Костнер се разведе од Кристин Баумгартнен, со која беше во брак речиси 19 години.

Пред неколку недели се шпекулираше дека актерот е во врска со колешката Рис Витерспун, што нејзиниот портпарол го демантираше, а сега се засилуваат гласините дека една славна пејачка го освоила. Таквата приказна започна благодарение на фотографиите од Карибите, на кои двајцата изгледаат среќно и вљубени.

А еве која е жената покрај која славниот актер изгледа многу среќно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jewel (@jewel)

Станува збор за убавата пејачка Џул Килчер која е 19 години помлада од Костнер. На егозтичната дестинација се „уловени“ пред неколку дена, каде двајцата присуствувале на настанот организиран од хуманитарната организација Inspiring Children Foundation, која е всушност основана од Џул. Глумецот бил гостин на настанот.

„Дефинитивно нешто се случуваше. Кокетираа, а кога беа заедно, беше како двајцата едноставно да блескаа. Се обидуваа да бидат дискретни, но секој кој ги виде знаеше дека нешто меѓу нив има“, велат изворите за странските медиуми.

Џул на социјалните мрежи го спомна Кевин Костнер, а со оваа холивудска ѕвезда помина една недела на Карибите. „Неверојатно време, а јас го користам за да се релаксирам, одморам и играм со мојот син! Кевин Костнер беше доволно љубезен да биде ментор на нашите деца оваа година“, напиша таа.

Костнер неодамна се соочи со тежок развод, а актерот има шест деца од два брака. Пејачката со која сега е поврзан, се разведе од Тај Мареј во 2014 година. Упатените додадоа дека е многу пребирлива кога се во прашање романтичните партнери и додадоа: „Таа сака добар маж, а Кевин одговара на нејзините критериуми“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....