01:31 - 2 април, 2026

(Фото) Ќерките на Наташа Беквалац и Здравко Чолиќ излегле заедно во елитен ресторан: Хана и Лара се вистински убавици

Ќерките на Наташа Беквалац и Здравко Чолиќ, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ, на својата инстаграм-приказна објавија заедничка фотографија, направена додека излегувале од еден елитен ресторан во Белград.

Според српските медиуми, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ присуствувале на настапот на српската пејачка Тања Савиќ, а вниманието го привлекле со своите модни избори. За оваа пригода, Хана избрала елегантен фустан во боја на кожа со резови околу половината, додека Лара носела краток црн фустан.

Позирајќи на фотографијата, Хана Икодиновиќ и Лара Чолиќ беа видливо расположени, насмеани и опуштени.

Исто така, Хана неодамна заврши средно училиште, а според српските медиуми, таа ќе го продолжи своето образование во Шпанија. По тој повод, на матурската забава, пејачката Наташа Беквалац беше видена во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Данило Икодиновиќ, што беше нивна прва заедничка јавна средба по долго време.

Јавноста многу малку знае за Лара Чолиќ, бидејќи таа ретко се појавува во медиумите и генерално избегнува јавни појавувања. Според српските медиуми, таа неодамна била во врска со синот на сопственикот на синџир теретани во Србија.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....