7.8 C
Скопје
09:24 - 31 март, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон во крeација на српска модна дизајнерка ја награди Русинката од Казахстан – победничка на Вимблдон

Судбината често победува со иронија. Тоа се случи и на Вимблдон, турнирот на кој годинава беа исклучени руските и белоруските тенисери, поради ставот на британската влада за поддршка на Украина (премиерот во оставка Борис Џонсон инсистираше на овој избор), но особено за да се избегне член на кралското семејство да награди играч од Русија или Белорусија. А што ти прави судбината? Таа направи да победи девојка која има казахстанска националност, но само од 2018 година. Елена Рибакина, родена во Москва, победи на турнирот Вимблдон и Русинката беше наградена од Кејт Мидлтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Нема срам, барем не очигледно, за војвотката од Кембриџ и таа ѝ ја додели наградата за триумфот на Вимблдон на Русинката од Казахстан, која сè уште живее и тренира во Москва, но како и сите тенисери истакнува дека секогаш патува низ светот и дека светот е нејзин дом.

За оваа прилика Кејт Мидлтон носеше преубав жолт макси фустан, креација на српската модна дизајнерка Роксанда Илиниќ (родена во Белград) која живее и работи во Лондон, а нејзиниот бренд е познат како Роксанда.

Изгледот војвотката го надополни со бели чевли на високи потпетици.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....