Познатата македонска пејачка Катерина Брезева од групата „Соната“ сподели редок приватен момент со својата ќерка Ана.
Кате, која е препознатлива по својот вокал и настапите со сопругот Трајче и групата „Соната“, уште еднаш ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи.
Пејачката сподели фотографија на која ужива во друштво на својата ќерка, доловувајќи момент на блискост и неизмерна љубов. Она што може да се забележи на сликата е дека Ана многу наликува на мајка ѝ. Таа во јуни ќе наполни седум години

Дека музиката е составен дел од нивното секојдневие и надвор од сцената, симболично кажува и самиот амбиент на фотографијата, украсен со музички ноти.
Брезева, која важи за една од најдобрите пејачки кај нас во фолк музиката, ретко споделува вакви приватни мигови, но кога го прави тоа, секогаш добива бројни комплименти за својот изглед.
