00:32 - 6 април, 2026

(Фото) Искра Канзурова се огласи лута: Престанете да го браните, мора да одговара!

Водителката Искра Канзурова (Мишиќ) лута се огласи на социјалните мрежи поради една немила случка која ја пренесоа балканските медиуми.

Доктор на Военомедицинската академија во Софија, по потекло од Македонија, со својот автомобил марка „фолксваген пасат“ прегази маалски миленик – куче, пред зградата каде што живее во населбата Расадник во бугарскиот главен град.

Искра, која е позната како голем љуботел на животните, на Фејсбук го напиша овој статус:

– Никогаш никому не посакувам лошо, но секој мора да одговара за своите постапки и нечовечност. Докторот, кој прво го прегази, а потоа без трошка совест го згмечи кутрото куче, МОРА да лежи.

И ќе си одлежи. А знаете зошто? Затоа што тоа не се случи овде каде никој за ништо не одговара. И престанете да го браните, убиец си е убиец, а оние кои тоа го одобруваат и оправдуваат се соучесници!“.

Искра Канзурова неодамна се огласи откако по долги години си замина од Тв „Алфа“, каде што ја водеше Утринската прогреама и други емисии, и беше една од омилените на гледачите.

-Одам во еден поинаков сектор, кој има допирни точки со телевизијата, но во маркетинг сегментот“, рече Канзурова за порталот „Вистина“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....