03:53 - 6 април, 2026

(Фото) Има ли премногу ботокс на тоа црвено лице – Том Круз попластичен од било кога

Том Круз привлече големо внимание на коктел организиран во чест на добитниците на годинешните оскари, пред се поради своето зацрвенето лице кое стручњаците веднаш го оквалификуваа како лице со премногу ботокс.

Докторот по естетска медицина Најла Раџа во една прилика остро ја критикуваше неговата „љубов“ кон третманите, бидејќи тие негативно се одразиле на неговиот физички изглед во неговите подоцнежни години.

„Изгледа дека Том претерал со инјекциите и филерите ботокс, што всушност имало негативен ефект врз неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед на лицето“, изјавила таа за Daily Mail.

Коктелот се одржа во познат хотел на Беверли Хилс, а меѓу гостите беа Кејт Бланшет, Колин Фарел, Џејми Ли Кертис, Том Круз и многу други.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....