8.8 C
Скопје
22:15 - 22 март, 2026

(Фото) И Џејмс Бонд со сопругата се појави на престижниот Вимблдон

Финалето на најпрестижниот гренслем, Вимблдон, го следеше и актерската двојка Рејчел Вајс и Даниел Крег.

53-годишната Рејчел и две години постариот Даниел, актер познат по улогата Џејмс Бонд, привлекоа внимание во елегантно издание на трибините.

Се чинеше како да беа многу заинтересирани за натпреварот и со големо внимание следеа сè што се случува на централниот терен не обрнувајќи премногу внимание на фотографите.

Во еден момент ги поздравија принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои исто така го следеа финалето.

Рејчел и Даниел се многу таинствени кога е во прашање нивниот приватен живот, па многу фанови се изненадени кога ќе дознаат дека се во брак.

Тие се венчаа во 2011 година, само половина година откако почнаа да кружат шпекулации за нивната љубов. И двајцата имаат деца од претходните врски, а заедно ја добија ќерката Грејс на крајот на 2018 година.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....