00:00 - 6 април, 2026

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

Пејачот Харис Џиновиќ неодамна се разведе од модната дизајнерка Мелина Џиновиќ, што беше вистинско изненадување за јавноста.

Оттогаш продолжи да живее во семејната вила во Сењак со своите наследници, ќерката Џина и синот Кан, додека Мелина се исели и започна самостоен живот во елитна населба во Белград.

Животот на Џиновиќ целосно се промени, но тоа не го натера да паузира од кариерата. Напротив, пејачот продолжува да одржува концерти и настапи и не ги запоставува деловните и приватните обврски.

Така, српски Телеграф го снимиле вчера на Дедиње, во околината на зградата на Телевизија Пинк како „трча“ по улиците. Додека се возел сам во автомобилот, на екипата на Телеграф едно не можело да им побегне – дека Харис го сменил имиџот!

Навикнати сме да го гледаме со шешир на главата.

Сепак, овојпат шеширот го заменил со качкет свртен однатре, како што обично носат момчињата и младите мажи.

Многумина ова го протолкуваа дека Харис се подмладил и дека разводот не му дошол баш така лошо на имиџот.

Фото – Телеграф, Никола Томиќ

Фотографиите од подмладениот Харис погледнете ги – ТУКА. 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....