Дивата на босанската севдалинка Ханка Палдум (69) беше една од гостинките на концертот посветен на Тома Здравковиќ, кој се одржа во Арената во Загреб. .
Најтрогателниот дел беше кога нејзината и фотографијата на Тома беше прикажана на видеобим како спомен на долгогодишното пријателство.
„Бев дел од вечерта посветена на големиот Тома Здравковиќ во Загрепската арена и срцето ми е полно што можев да ја споделам емоцијата со вас преку песната. Вашата љубов, громогласен аплауз… ова се моментите за кои живеам. Пеев од душа, а вие ме носевте низ секој збор и секоја нота. Ви благодарам за таа енергија, за топлината и за љубовта што ми ја дадовте. Среќна сум… и ќе ја паметам“, напиша Ханка.

На крајот, Ханка објави видео од моментот на влегување во преполната Арена, а на него може да се забележи нејзината грациозност и елеганција по кои е позната.
