7.8 C
Скопје
23:41 - 30 март, 2026

(Фото) Ги „врти“ мажите и на 53 години: Софија Вергара има 14 години помлад дечко?

Познатата актерка Софија Вергара (53) е видена во друштво на потенцијално ново момче, папараците ги фотографираа додека си заминуваа од концерт и изгледаа многу опуштено и интимно.

Ова може да биде нова врска за убавата Колумбијка по разводот од Џо Манганиели, со кого помина седум години во брак.

Софија била во друштво на бизнисменот Даглас Чабат (39), како што објави „Њујорк пост“, а младиот претприемач претходно беше виден со Вергара во текот на прославата на нејзиниот роденден во Сардинија, а денот пред настанот, Вергара ја сподели емотивната порака што ѝ ја испратил на социјалните мрежи.


Со оглед на тоа дека ова не е првпат да бидат видени заедно, гласините за новата врска се сè посилни.

Двојката е забележана и на други настани во странство, вклучувајќи ги Рим и Кан, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за нивната врска.


За Вергара, оваа врска доаѓа по кратката романса со ортопедскиот хирург, д-р Џастин Салиман, која следеше по нејзиниот јавен развод од Манганиело во 2024 година.

Инаку, Чабат е доста познат во Холивуд, многу се дружи со актерите Орландо Блум и Дакота Џонсон.

Софија Вергара во една прилика и зборуваше за тоа што сега очекува од љубовта, но и каков партнер бара, останува да се види дали сето тоа го пронашла во Даглас, кој е 14 години помлад од неа.

„Сакам основни работи, како здравје и некој што ме сака. И некој висок, згоден. Сакам некој што има пар

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....