6.8 C
Скопје
19:15 - 28 март, 2026

(Фото) Еден куп неисполнети соништа: Интимна исповед на Каролина и нејзината прва насловна

Носталгична приказна од минатото сподели поп-ѕвездара Каролина Гочева на својот инстаграм-профил.

– Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на Екран – напиша Каролина до фотографијата која ја сподели па додаде:

– За оние кои не знаат, тогаш „Екран“ беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас.
Синоќа кога ми ја испратија сликава во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна. Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав.

Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа, (како и во сечиј живот).

Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата.

Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени „blast from the past“ моменти. Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива – рече Каролина за својата покојна баба.

Фото / Инстаграм

 

Слични објави

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо
Се вчитува....