6.8 C
Скопје
05:55 - 31 март, 2026

(Фото) Џорџина Родригез на трибините во Катар носи накит вреден 2,2 милиони долари

Манекенката Џорџина Родригез присуствуваше на натпреварот меѓу Швајцарија и Португалија на Светското првенство во Катар. Девојката на Кристијано Роналдо сподели фотографија од стадионот со фановите на нејзините социјални мрежи.

28-годишната манекенка дојде на стадионот да му даде поддршка на своето момче, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо. Џорџина Родригез носеше тесен црн фустан во комбинација со зелен макси кардиган, и сребрени чевли со високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Изгледот го комплетираше со класична чанта од француската модна куќа Шанел и многу накит. Според експертите, вкупната вредност на накитот што го носеше Родригез за натпреварот изнесува околу 2,2 милиони долари.

Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо се во врска од 2016 година. Фудбалерот и манекенката имаат две заеднички деца: 5-годишната Алана и седуммесечната Бела. Спортистот има уште три деца: 12-годишниот Кристијано Џуниор и 5-годишните близнаци Ева и Матео.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....