7.8 C
Скопје
00:34 - 31 март, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ повторно доживеал несреќа, го скршил реброто

Српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ доживеал уште една несреќа.

Како што дознава српски „Телеграф“, тој паднал од квадбајкот што го возел во шумата и скршил ребро.

Инаку, Лазиќ синоќа со скршено ребро пеел во клуб во Белград, а на неколку видеа се гледало како се држи за левата страна со болна гримаса на лицето.

Да потсетиме, Дарко Лазиќ неодамна имаше сообраќајна несреќа со сопругата Катарина, по враќањето од промоцијата на песната на сестрата на Катарина, Тијана Матиќ.

Иако веднаш по несреќата рече дека не пиел, Лазиќ имал 1,93 промили алкохол во крвта во моментот на несреќата.

Малку подоцна, тој призна пред камерите дека испил „неколку пијалаци“.

Кратко по несреќата, Лазиќ се пофали на социјалните мрежи од мотоциклот што го возел, што со причина започна нова лавина од коментари.

Неколку дена по несреќата, Лазиќ организирал прослава за првиот роденден на неговата ќерка Срна, кога за првпат проговорил за несреќата.

– Одличен сум, како што можете да видите, никогаш подобар. Го споменав тоа пред малку, но би сакал да го споменам сега, не би сакал да давам изјави за несреќата, ќе зборуваме за тоа кога ќе заврши вештачењето и целата постапка. Бев во полиција и дадов изјава за тоа што беше потребно. Кога сè ќе заврши, ќе имате конкретни цели информации, на крајот на краиштата, како всушност било. Што било пренесено, како било и како не било, па… Не сакам јавноста да има лажна слика, секој ќе ги добие точните информации кога сè ќе заврши – рече тогаш.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....