Се појавија нови детали за случајот на Дани Алвеш, уапсен за наводен сексуален напад на 23 годишна девојка што се случил на 30 јануари минатата година во ноќен клуб во Барселона. Фудбалерот се уште е во притвор, а ризикува и до дванаесет години затвор за сексуален напад. Во текот на вчерашниот ден биле сослушани осум сведоци, а двете пријателки на жртвата, кои биле сведоци на настанот на 30 јануари, биле охрабрени да ја кажат вистината. Според нивните сведочења, не е спорна само сцената на сексуален напад кој се случил во тоалетот на клубот, туку и двете девојки тврдат дека фудбалерот и нив ги допирал таа ноќ.
Но бразилскиот фудбалер, згора на тоа е и женет, па сега сопругата исто така поминува низ тежок период поради сексуалниот скандал на Алвеш.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Како што откриваат шпанските медиуми, вчера бразилскиот фудбалер конечно успеал да разговара со сопругата Џоана Санз преку телефон. Повикот траел неколку минути, а играчот упатил барање до својата партнерка.
Наводно, Дани Алвеш неколку пати за време на телефонскиот разговор истакнал дека сè уште ја сака и не сака да ја изгуби и покрај тоа што се случило.
View this post on Instagram
Јоана одговорила дека сака средба лице в лице, за да ги слушне објаснувањата на нејзиниот сопруг за ноќта на 30 јануари. Таа е подготвена и да почека за средбата со сопругот, бидејќи во моментов, поради обвинувањата против него, Дани Алвеш не може да прими посетители.
Убавата Џоана Санз, сопругата на бразилскиот фудбалер, е позната манекенка, родена во Шпанија. Почнала да работи во светот на модата уште од најмала возраст, набрзо стана заштитно лице за познати брендови за долна облека, а исто така чекореше на модните писти за познати модни брендови. Како што раскажа своевремено 29-годишната девојка, нејзиното семејство има сириско потекло, иако таа е родена во Шпанија (Тенерифе), нејзините родители всушност потекнуваат од Сирија, која ја напуштиле за да изградат попросперитетна иднина на друго место. Покрај тоа што е моделка позната и следена на Инстаграм од повеќе од 800 илјади следбеници, Џоана има учествувано и во некои филмски проекти.
View this post on Instagram
Љубовната приказна меѓу Џоана Санз и Дани Алвеш започна во 2015 година, кога двајцата се запознале преку заеднички пријател. Од тој момент, двајцата започнаа врска која потоа резултираше со венчавка во 2017 година на Ибица, која пристигна по два предлога на фудбалерот за брак кои, сепак, манекенката рече дека ги одбила.
View this post on Instagram
Немаат заеднички деца. Бразилскиот дефанзивец, сепак, е татко на две деца Викторија и Даниел, од претходниот брак со Динора Сантана, со која се ожени во 2008 година и од која се разведе во 2011 година.
Во меѓувреме сегашната сопруга на фудбалерот, Џоана, ги избришала сите негови фотографии од нејзинио Инстаграм профил, како и заедничките фотографии.
Според шпанските медиуми, таа е премногу луа на фудбалерот, и се претпоставува дека многу наскоро ќе поднесе барање за развод.
View this post on Instagram
View this post on Instagram