21.8 C
Скопје
18:15 - 5 април, 2026

(Фото) Брус Вилис „најнежниот татко и дедо“: Уловени мигови кои ќе ве потсетат да си ги гушнете своите

Брус Вилис е преплавен со љубовни пораки за Денот на татковците, традиционален празник во Америка. Семејството посвети бројни лирични објави на социјалните мрежи во чест на актерот, кој боледува од фронтално-темпорална деменција и се повлече од глумата.

Од поранешната сопруга Деми Мур до сегашната Ема Хеминг Вилис, до ќерката Румер која објави слатка снимка во која ѕвездата се појавува држејќи ја внуката во раце.

Особено е трогателна пораката на поранешната сопруга, Деми Мур, која му се заблагодарува.

„Засекогаш ти благодарен Брус Вилис што ми ги подари овие три прекрасни девојки. Го обожаваме нашиот татко на девојчиња Среќен ден на таткото!” пишува во објавата Деми Мур, која сподели постара фотографија со Вилис и нејзините ќерки (ќрките се од Брус, нејзиниот поранешен сопруг).

Сегашната сопруга Ема Хеминг Вилис ја искажа својата длабока почит „што го имам Брус додека го гледам како татко на нашите малечки“. „Безусловна љубов, добрина, сила, сочувство, трпение, дарежливост, издржливост“, додаде таа. „Среќен Ден на таткото на најголемиот татко што го познавам, кој секогаш ќе биде подарокот што дарува во нашето семејство”.

Румер, ќерката на Брус ја искажа воодушевеноста од глетката како татко ѝ ја држи в раце нејзината ќерка.

Следуваа и дузина други фотографии од „нежниот татко и дедо“.

Навистина, нежни глетки.

 

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....