6.8 C
Скопје
06:11 - 31 март, 2026

(Фото) Брус Вилис и Ема Хеминг прославија 14 години брак: „Најтешката годишнина досега…“

Актерот Брус Вилис (68) и Ема Хеминг (44) денеска ја прославија 14-годишнината од бракот.

На својот Инстаграм профил, Ема сподели фотографија од цвеќиња кои ги добила од пријателка и напиша дека ова ѝ е најтешката годишнина досега. И

Имено, на актерот неодамна му беше дијагностицирана деменција и неговата сопруга се грижи за него.

– Денеска се навршуваат 14 години од бракот со мојата најголема љубов. Овие посебни годишнини се особено тешки во оваа ситуација – напиша Ема.

– Тешко е кога знаеш дека нормално би се сетил на годишнината, но сега едноставно не можеш – рече Ема, заблагодарувајќи ѝ се на својата пријателка која им го разубави денот со овој знак на внимание.

Да потсетиме, Ема на својот Инстаграм профил ја споделува приказната за борбата на Брус со тешките дијагнози, поради што беше мета на критики. Пред неколку дена актерот го прослави својот 68 роденден, а неговата сопруга им се заблагодари на сите фанови за пораките за поддршка.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....