Водителката Мина Наумовиќ важи за едно од најубавите ТВ лица на овие простори, а дека убавината ѝ е во гените, на сите им стана јасно кога ја покажа фотографијата од својот роден брат. Имено, одговарајќи на прашања на следбениците на социјалните мрежи, сопругата на Огњен Амиџиќ откри дека нивниот син Перун повеќе личи на нејзиниот брат отколку на неа.
Бидејќи следбениците масовно пишуваа дека нејзиниот брат неверојатно личи на американскиот актер Бред Пит, Мина на тоа одговори, дека тоа е вистина.

Линијата по породувањето
Покрај семејните фотографии, сопругата на познатиот водител откри и детали за својот изглед. Пред само неколку дена, Мина сподели дека има 52 килограми, а сега се пофали дека ослабела уште четири килограми.
Мина откри дека е висока 170 сантиметри, моментално има 48 килограми. Таа исто така сподели со фановите дека внимава на својата исхрана за да ја одржи витката линија по породувањето.
