Благоја Грујовски запеа во домот на Сузана Гавазова, а највесела на неговиот настап беше мајката на фолк-пејачката.
Поводот е прославата на празникот Бајрам во домот на Сузана и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, кој е по потекло од Босна и Херцеговина.

На домашната прослава бил и Благоја Грујовски кој ѝ е близок пријател на Сузана, па тој запеал за сите, а според видеата кои ги објави пејачката, нејзината мајка била највесела кога Баже запеал.

А она што исто така може да се забележи е дека фолк-пејачот Благоја Грујовски не старее и многумина коментирааат дека е ист како на почетокот од кариерата.
Иако по професија е диполмиран новинар, музиката стана негова животна преокупација, и сега Благоја Грујовски е еден од нашите најпознати и најуспешни фолк-пејачи. Многумина не би му ги дале годините, тој во септември наполни 63.
