6.8 C
Скопје
09:07 - 1 април, 2026

(Фото) Бившата на Тоти – Илари Блази прва почнала, нејзиниот фраер е неверојатно згоден: Нов обрт на приказната и збогувањето на славниот пар

Откако Франческо Тоти и Илари Блази објавија дека се разведуваат, сите погледи се насочени кон „ловот“ на нивните идни љубовни партнери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cristiano1011

Во последниве недели се зборуваше дека Илари Блази е во врска со актер, а потоа прстот се впери кон личниот тренер и претприемач- во центарот на озборувањата е Кристијано Јовино, римјанин, горе-долу на иста возраст како Блази, хипер-тетовиран и мускулест. Личниот тренер и инфлуенсер работи меѓу Рим и Милано, а негоиот Инстаграм профил е преполн со фотографии од Индонезија, Ибица, Миконос, езерото Комо…Познат е како голем фраер и имал низа познати девојки во „колекцијата“ меѓу кои и италијанската суперсекси старлета и глумица Џулија Де Лелис и Зои Кристофори пред таа да стане партнерка на дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Taddei (@zi_tadz)

Како што пренесува Кориере дела Сера, познанството меѓу ТВ водителката и личниот тренер датира од пред година и пол. Двајцата размениле прилично „елоквентни“ пораки. Франческо Тоти тие пораки ги отркил во август 2021 година и збеснал. Тогаш всушност, наводно, почнале недоразбирањата и кавгите заштото светот се урнал врз него. Дури тогаш, разочаран, според пишувањето на италијанските медиуми, и тој почнал да гледа наоколу и во неговиот живот подоцна ќе се појави Ноеми Боки. Новите озборувања всушност го тврдат спортивното, дека прво Илари го изневерила Тоти, а не како што беше известено на почетокот – дека дваесетгодишната љубов меѓу Тоти и Блази завршила затоа што тој ја изгубил главата за триесет и четири годишната Ноеми.

Додека озборувањата продолжуваат да извлекуваат детали за најозборуваното „збогум“ на летото 2022 година, директно засегнатите не кажуваат ниту збор. Илари, која е на одмор повеќе од еден месец, наводно е подготвена да ѝ даде интервју на нејзината пријателка Силвија Тофанин во студиото на забавната емисија „Верисимо“. Сепак, не е исклучено Тоти, изнервиран, да ѝ претходи. Да ја каже својата вистина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cristiano1011

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Napoli (@napolinow5)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cristiano1011

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....