08:44 - 3 април, 2026

(Фото) „Бев како чудовиштето на Франкенштајн“ – сопругата на помошникот на Кличко за „Плејбој“ раскажа како се соочила со своето лице откако го загубила окото во војната

Ирина Билоцерковец, сопругата на украинскиот политичар кој е помошник на Виталиј Кличко, позираше за Плејбој откако го загуби едното око во напад на самиот почеток на војната во Украина.

Манекенката и ТВ водителка е заштитно лице на насловната страница на првото издание на Плејбој објавено во таа земја од избувнувањето на војната.

Ирина беше на повеќемесечно лекување и операција откако беше жртва на вооружен напад додека била со своите деца, само три дена по почетокот на руската инвазија на Украина. Оттогаш манекенката е симбол на отпорот, а сега за насловната страница позира во металик бикини со прекриено око на насловната.

Таа за Плејбој откри како се чувствувала кога за првпат се видела во огледало по реконструкција на лицето.

-Ми недостига око, цевчиња штрчеа насекаде, косата ми беше избричена по операцијата. Конци, лузни, рани насекаде… Бев како чудовиштето на Франкенштајн. Вилицата ми пукна како гранче. Немам убаво лицето повеќе, но остатокот од моето тело е убаво, рече таа.

Инаку, таа со месеци се лекуваше надвор од Украина, во Берлин.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....