18.8 C
Скопје
13:28 - 22 октомври, 2026

Расправиите завршуваат, судот во Лос Анџелес ја прогласи за наследничка најстарата ќерка на Лиза Мари Присли

Рајли Киу, најстарото дете на Лиза Мари и внука на Елвис Присли ќе стане единствен наследник на имотот на нејзината покојна мајка.

Ваква одлука донел судот во Лос Анџелес, објавија тамошните медиуми.

Таа ќе го поседува и Грејсленд, Мемфис, домот на Елвис во Тенеси, кој Лиза Мари го наследи по неговата смрт во 1977 година.

Со ова завршува правниот спор околу тестаментот на Лиза Мари, кој Присила Присли – поранешната сопруга на Елвис и мајка на Лиза Мари – го доведе во прашање по смртта на пејачката во јануари на 54-годишна возраст.

Три недели подоцна, Присила поднесе судски документи во кои се тврди дека има „прашања околу автентичноста и валидноста“ на амандманот од 2016 година со кој беа назначени Рајли и нејзините полусестри Харпер и Финли Локвуд – како и братот Бенџамин Кеу, кој почина со самоубиство во 2020 година на 27-годишна возраст – како наследници на имотот.

„Го сакав Елвис многу како што тој мене ме сакаше мене. Лиза е резултат на нашата љубов“, рекла Присила. „За некој да размислува нешто поинаку би било травестија на семејното наследство и би било непочитување кон она што Елвис го остави зад себе во својот живот“.

Во мај, Рајли, Присила и Мајкл Локвуд – таткото и старателот на Харпер и Финли – ја решија работата приватно, при што ѕвездата на Daisy Jones & The Si беше именувана за корисник на имотот на Лиза Мари.

„Семејствата се среќни“, изјави адвокатот на Присила, Ронсон Џ.

Слични објави

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.
Се вчитува....