Бугарскиот поп-фолк пејач Азис на социјалните мрежи откри дека неодамна направил пластична операција и вградил импланти во градите.
Станува збор за т.н. машки импланти, кои се користат за оформување на поизразен и мускулест граден кош. Пејачот објасни дека не го направил за да изгледа како жена, туку за да постигне визуелен ефект на силно и дефинирано тело.
На својот профил на Инстаграм, Азис објави дека поминале три недели од операцијата и дека е задоволен од резултатот. Во објавата му се заблагодари на пластичниот хирург кој ја извршил интервенцијата.
„Трета недела по операцијата за зголемување на градите со машки импланти. Се чувствувам посебно. Повеќе не одам подгрбавен, туку гордо исправен, затоа што ги носам овие прекрасни гради“, напиша тој.

Во продолжение, пејачот порача дека не сака да губи години во теретана за да постигне резултат кој, според него, не е траен, туку избрал побрз начин да го промени својот изглед.
„За сите кои немаат намера да изгубат десетици години во сала – не плашете се. Живејте во иднината. Оставете ги традициите и општо прифатените норми“, напиша Азис, додавајќи дека секој има право да го обликува сопствениот изглед.

На крајот од објавата тој направи и иронична споредба со модата и брендовите.
„Ако можеш да носиш лажни патики, маици и часовници, зошто јас да не можам да имам лажни гради?“, порача пејачот.

