6.8 C
Скопје
02:51 - 31 март, 2026

(Фото) Арон Тејлор-Џонсон е новиот Џејмс Бонд: Одамна ја најде својата „Бонд девојка“ 23 години постара од него

Арон Тејлор-Џонсон е 33-годишен британски актер за кој се смета дека ќе го игра новиот Џејмс Бонд наместо Даниел Крег. За разлика од флертувачкиот агент 007, Арон 15 години гледа само во една жена – неговата сопруга Сем Тејлор-Џонсон, која е 23 години постара од него.

Двојката се запознала кога Арон имал само 18 години, а 41-годишната Сем штотуку го напуштила сопругот. Нивната љубовна афера предизвика огромно негодување во јавноста, но и покрај осудата, тие се уште се во среќен брак и имаат четири деца: две ќерки од нивниот брак и двете ќерки на Сем од првиот брак.

„Немам што да кријам, уверен сум во убавината на мојот живот. Но, нема да откривам работи што ми се навистина скапоцени“, рече тој неодамна како одговор на прашањето за разликата во годините со сопругата.

„Ја запознав Сем како актерка и режисер. Работевме добро заедно, но затоа не се заљубив во неа“, рече тој објаснувајќи дека љубовта е резултат на хемија, а не на тоа што таа е одлична во тоа што го работи. Фаталната средба всушност се случила кога го снимале филмот за Џон Ленон, во кој Арон го глумел Ленон во тинејџерските денови.

Сем Тејлор-Џонсон подоцна изјави за Харперс Базар: „Сите на сетот знаеја за нашите чувства. На крајот од снимањето таа ме запроси. А ние сè уште не се ни бакнавме“. Свршувачката беше објавена на премиерата на филмот „Becoming John Lennon“ во есента 2009 година.

Инаку, Арон Џонсон е роден на 13 јуни 1990 година во Хај Вајкомб, Англија. Од шестата година глумел во реклами и ТВ серии.

Првата главна улога ја добил во 2002 година во божиќниот филм „Том и Томас“.

Следната улога беше во акционата комедија „Шангајски витези“. И оттогаш почна континуирано да глуми во филмови.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....