5.8 C
Скопје
20:04 - 28 март, 2026

(Фото) Антониа Гиговска со секси фотосесија: „2026… кога веќе дојде, те замолувам – биди добра со мене“

Македонската пејачка Антониа Гиговска ја започна 2026 година со стил, подарувајќи ѝ на својата публика новогодишна фотосесија со која симболично ја честиташе Новата година.

Фотосесијата зрачи со празнична енергија и самодоверба, а Гиговска се појавува во два впечатливи стајлинзи. На дел од фотографиите таа позира во црвено боди со панделка, бели хулахопки и црни салонки.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Вториот изглед е подеднакво моќен: ефектен црвен фустан со панделка како детаљ, кој ја заокружува празничната приказна и ја нагласува женственоста на пејачката.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Зад објективот е фотографот Антонио Станков, додека за шминката се погрижи Цеце Цветановска, а за фризурата Александар Лазаревски.

Покрај фотографиите, пејачката сподели и искрена порака, во која се осврна на изминатата година и со надеж го поздрави новиот почеток.

„2026… Кога веќе дојде, те замолувам биди добра со мене, не биди толку тешка колку претходната, биди уште поуспешна од неа.

Можам да пишувам многу за тоа колку ми беше и убава и не толку убава, но најважно од сè е што извлеков толку многу лекции. Сфатив дека кога си на врвот, околу тебе се сите, но најважно е кој е до тебе кога си на дното, кога ти е најтешко.

Има многу убави работи што треба да се случат во новава 2026 година и едвај чекам!

Ви посакувам само здравје, среќа, љубов и мир! Сè останато само ќе дојде! Или како што велам јас…

Што е твое – ќе си дојде, и сè се случува со причина!

Среќна Нова година, луѓе мои!

Ве сакам сите!“

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо
Се вчитува....