8.8 C
Скопје
20:17 - 12 март, 2026

(Фото) Адријана Алачки си замина од Македонија, новата приказна ѝ е неверојатна

Адријана Алачки си замина од Македонија, во далечна земја со сосема различна култура и традиција. Познатата водителка и пејачка на социјалните мрежи детално објасни:

-Во посета на Институтот за хотелски менаџмент, кетеринг, гастрономија и туризам, Пуса, Њу Делхи. Без зборови сме, имаат дваесет кујни за практична настава, за слаткарство, пекарство, обработка на месо, топла кујна, предјадење, вегетаријанска , веганска, теорија, гостински соби, амфитеатар, училишен ресторан, итн.

Во тој институт не постојат насоки, туку сите ученици треба да знаат сѐ и во секој дел да се подготвени. Облечени под конец, сите како еден, почитување, дисциплина, ред и знаење. Нѐ импресионираше моментот кога ги видовме нивните насади и ни покажаа дека сами одгледуваат зеленчук и овошје.

Тоа го користат во училишната кујна за свои потреби. Исто така одгледуваат и цвеќе кое го продаваат а парите ги собираат и ги инвестираат во своето школување.

Имаат и своја перална и пеглана каде што самите работат после часовите. Сите зборуваат англиски јазик. Народ кој има почитување и покорност кон сѐ. Вреден народ- напиша водителката на емисиите „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“, која како претседател на кулинарското здружение „Гастромак“ го пропатува целиот свет.

Фото/Фејсбук

Адријана потоа напиша уште една интересна објава:

-Бадник во Индија. Далеку од дома но во срцата заедно, вечерва сите присутни го прославија нашиот Бадник. Уште еднаш докажавме дека не е важно кој од каде е, ние сите бевме заедно и сите со крајна почит кон нашиот Бадник.
Лебот го месевме во Институтот заедно со учениците. Штотуку го поделивме и паричката се падна кај Лиза од Австралија. На сите нека ни е со среќа- објави Адаријана Алачки.
Фото/Фејсбук

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....