7.8 C
Скопје
23:57 - 22 март, 2026

(Фото) Ѝ беше како татко: Познатата актерка се прости од свекорот со срцепарателни зборови

Вчера во Скопје почина Никола Младеновски, татко на музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце од „Суперхикс“. Сопругата на Пеце, актерката Елизабета Клинчаревска-Младеновска го напиша најемотивното збогум за својот свекор.
– Почина мојот свекор, Кочо (Никола) Младеновски, најпрекрасниот човек на светот.
кој ми беше како татко! Тој беше сопруг на неговата сакана ВЕРА, со која биле заедно 62 години, татко на мојот сопруг Пеце, Петар Младеновски и мојот непрежален девер Диме, и најпосветениот и најдобар дедо на своите внуци Никола и Маша.
А, мене ми беше татко, другар, колега, како и најголемата карпа! Не знам дали и кога оваа страшна болка ќе помине, но знам дека сеќавањата нема никогаш да згаснат! Непроценливо е сето она што тој го има направено за нас и неговите внуци, кои му беа основен двигател во животот! Неговата енергија, неговата духовитост, неговата посветеност, грижливост и милост, засекогаш ќе останат врежани во нашите срца.

Фото / Фејсбук
Ќе продолжиме, токму онака како што тој нас нè учеше… Со храброст и челична воља! А неговата книга, која со голема посветеност ја пишуваше, ќе блесне во скора иднина! Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта во Бутел (капела 11.30-12.30 ч.). Животот продолжува, спомените и љубовта кон саканите остануваат – напиша Елизабта и им се заблагодари на сите доктори и пријатели кои им помогнале во тешките мигови.

Фото / Фејсбук
Од својот татко, претходно се прости и Петар Младеновски – Пеце, кој исто така им се заблагодари на блиските за помошта.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....