13:09 - 3 април, 2026

Фатен е крадецот на црвените чевли на Џуди Гарланд што ги носела во 1939 година

Американското обвинителство објави дека  е покренато обвинение против маж кој ги украл култните црвени чевли што ги носела познатата актерка Џуди Гарланд во филмот „Волшебникот од Оз“, пишуваат тамошните медиуми.

Чевлите се направени од десетина различни материјали, вклучувајќи свила, пластика и стакло. ФБИ ги пронашле откако еден човек во 2017 година ѝ рекол на осигурителна компанија дека може да понуди информации за нивно пронаоѓање.

ФБИ ги пронашле чевлите во 2018 година за време на истрагата. Големата порота го обвини Тери Мартин за кражба на големо уметничко дело, објавија денеска федералните обвинители на Северна Дакота.

Обвинението не дава дополнителни информации за обвинетиот, освен дека тој во 2005 година ги украл автентичните чевли што ги носел ликот Дороти во мјузиклот, снимен во 1939 година. Тој ги украл од музејот Џуди Гарланд во Гранд Рапидс, Минесота, родниот град на покојната актерка, и се еден од четирите преостанати пара црвени чевли што Гарланд ги носела за време на продукцијата.

Волшебните црвени чевли биле позајмени во музејот кога Мартин се качил низ прозорецот и ја скршил витрината. Обвинителите наведуваат дека во моментот на кражбата чевлите биле осигурани на еден милион долари, но нивната моментална пазарна вредност е околу 3,5 милиони долари, пишува АП.

 

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....